• сабота, 23 ноември 2024

Рајола: Донарума го напушти Милан по вина на клубот

Рајола: Донарума го напушти Милан по вина на клубот

Милано, 26 октомври 2023 (МИА) - Агентот на голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, Енцо Рајола, смета дека играчот го напуштил Милан во 2021 година по вина на клубот.

- Малдини му кажа дека тие веќе го купиле Мењан. Џиџо никогаш немаше да си оди бесплатно. Јувентус беше заинтересиран за него и понуди размена или пари, го цитира Рајола на социјалните мрежи инсајдерот Фабрицио Романо.

Донарума потекнува од фудбалската школа на Милан. Тој играше за „Росо-нерите“ од 2015 до 2021 година пред да стане член на парискиот тим. Вкупно одигра 251 натпревар за миланезите, прими 265 гола и ја задржа мрежата „чиста“ на 88 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан