• сабота, 23 ноември 2024

Рафиња прогласен за Играч на месецот во Ла Лига

Рафиња прогласен за Играч на месецот во Ла Лига

Барселона, 14 септември 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња е прогласен за играч на месецот во Примера. Бразилскиот интернационалец ја освои наградата за месец август.

Во изминатиот месец Рафиња учествуваше на 4 првенствени натпревари, постигнувајќи 3 гола и исто толку асистенции.

Рафиња е прогласен за Играч на месецот за прв пат откако се приклучи на Барса во летото 2022 година.

Поранешниот фудбалер на Лидс има договор со каталонскиот клуб до 2027 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан