• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Киву ја напушта Парма, може да стане нов тренер на Интер

Киву ја напушта Парма, може да стане нов тренер на Интер

Парма, 9 јуни 2025 (МИА) - Парма објави крај на соработката со тренерот Кристијан Киву.

Двете страни со заедничка согласност го раскинаа договорот на 44-годишниот Романец. Претходно беше објавено дека Киву е блиску до промоција во Интер.

Киву ја предводеше Парма од февруари 2025 година. Под негово водство тимот одигра 13 натпревари во Серија А, забележа три победи, седум пати ремизираше и три пати загуби.

Од 2007 до 2014 година Киву како фудбалер играше за Интер. За тимот одигра 169 натпревари, постигна три гола и направи осум асистенции. 

Со Интер, Романецот три пати стана италијански шампион, два пати го освои Купот на Италија и еднаш стана победник на Лигата на шампионите. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан