• сабота, 23 ноември 2024

Рафиња во Барселона

Рафиња во Барселона
Барселона, 13 јули 2022 (МИА) - Шпанскиот фудбалски гигант Барселона објави денеска дека го договорил трансфер на бразилскиот фудбалер Рафиња (25) од премиерлигашот Лидс. За комплетирање на трансферот преостанува уште Рафиња да ги мине рутинските лекарски прегледи. Финансиските детали од договорот не се објавени, но шпанските медиуми наведуваат дека висината на обесштетувањето изнесува 58 милиони евра, кое во зависност од дополнителните бонуси би можело да порасне и до 68 милиони евра. За бразилскиот репрезентативец беа заинтересирани и Челзи и Арсенал, но Рафиња се одлучи за Барселона. Рафиња е трето засилување во редовите на каталонскиот гигант во летниот преоден рок по Франк Кеси и Андреас Кристенсен. ег/ми/

Остани поврзан