Рамос би можел да ја продолжи кариерата во Бразил
- Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос, кој како слободен играч ова лето го напушти Пари Сен-Жермен, може да ја продолжи кариерата во бразилскиот шампионат.
![Рамос би можел да ја продолжи кариерата во Бразил](https://mia.mk/index.php/images/20230713134929_big_730x400_58.webp )
Рио де Жанеиро, 13 јули 2023 (МИА) – Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос, кој како слободен играч ова лето го напушти Пари Сен-Жермен, може да ја продолжи кариерата во бразилскиот шампионат.
Според новинарот Фернандо Круз, Фламенго сака да потпише со 37-годишниот фудбалер. Клубот веќе преговара со играчот и се подготвува да му достави официјална понуда.
Дефанзивецот минатата сезона одигра 58 натпревари за ПСЖ, постигна шест гола и една асистенција. Пред тоа, Шпанецот играше за Реал Мадрид од 2005 до 2021 година. зс/
Фото: ЕПА