Рама: Албанија стои на страната на Израел
- Рама на социјалните мрежи објави слики од универзитетот и напиша „Албанија стои на страната на Израел". „Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите од суровиот терористички напад и со невините луѓе земени како заложници од терористите“, се наведува во објавата на Рама.
Тирана, 9 октомври 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама изрази солидарност со граѓаните на Израел кои минуваат тешки моменти како резултат на суровиот терористички напад на Хамас, јави АТА.
Во знак на солидарност, Универзитетот во Тирана синоќа беше осветлен со боите на израелското знаме.
Рама на социјалните мрежи објави слики од универзитетот и напиша „Албанија стои на страната на Израел".
„Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите од суровиот терористички напад и со невините луѓе земени како заложници од терористите“, се наведува во објавата на Рама.
И градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, објави фотографии од зградата на универзитетот кој се наоѓа на плоштадот „Мајка Тереза“, која е покриена со израелско знаме во знак на поддршка во оваа тешка ситуација што се случува.
Веднаш по терористичкиот напад албанскиот државен врв и лидери на политички партии искажаа најостро осуда, порачувајќи дека "Албанија е одлучна против тероризмот од која било форма". вт/сд/