• понеделник, 26 август 2024

Пуштена во употреба пешачката патека во Илинден

Пуштена во употреба пешачката патека во Илинден
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Во населбата Илинден денеска беше пуштена во употреба новата пешачка патека, со што ќе се придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината. Пешачката патека е во должина од над 400 метри и широчина од 1,8 метри, а се протега од влезот на новото основно училиште во Илинден по улицата ,,2”, до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.   Како што изјавил денеска градоначалникот Александар Георгиевски, потребата за изградба на пешачката патека се јавила поради зголемената фреквенција на возила, пешаци и велосипедисти во овој дел од општината, како и со отворањето на новото подрачно општинско основно училиште.   - Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места, стои во соопштението од Општината. цр/бак/

Остани поврзан