• четврток, 26 декември 2024

Протести во Израел, се бара оставка од Нетанјаху

Протести во Израел, се бара оставка од Нетанјаху
Ерусалим, 19 јули 2020 (МИА) - Израелската полиција употреби водени топови во Ерусалим и солзавец во Тел Авив за да ги растера демонстрантите кои се незадоволни од економската криза во земјата поради пандемијата на коронавирус и бараат оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху. Стотици граѓани се собраа во Ерусалим пред резиденцијата на Нетанјаху, а потоа излегоа по улиците, каде што полицијата употреби водени топови. „Најмалку две лица се уапсени“, соопшти полицијата. Во исто време, илјадници луѓе во Тел Авив побараа државна помош за компаниите загрозени од економската криза предизвикана од епидемијата на Ковид-19. Израелската Телевизија Решет објави дека полицијата во Тел Авив употребила солзавец против демонстрантите, како и дека имало мали судири со полицијата. Полицијата соопшти дека на овој протест немало апсења. паг/

Остани поврзан