• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Протестите во Газа продолжуваат, Хамас ги нарече дел од странски агенди

Протестите во Газа продолжуваат, Хамас ги нарече дел од странски агенди

Газа, 27 март 2025 (МИА) - Протестите на Палестинците против Хамас во северниот дел на Појасот Газа продолжуваат веќе трет ден. Како прва официјална реакција на демонстрациите, портпаролот на Хамас, Басем Наим, изјави за катарскиот канал „Ал Араби“ дека протестите против војната и разурнувањата се очекувани, но додаде дека тие се насочени против Израел.

- Народот повикува на запирање на агресијата, но непријателот и други страни со политички мотиви ги користат овие спонтани протести за свои цели, прикажувајќи ги како насочени против отпорот, рече Наим. Тој тврди дека оние што протестите ги опишуваат како антивладини, „служат на странски интереси“.

Протестите се одвиваат во Беит Лахија, Шеџаија и Џабалија, каде демонстрантите повикуваат на завршување на војната и бараат Хамас да се откаже од контролата врз Газа. Тие скандираат „Хамас надвор!“ и носат транспаренти со натписи „Сопрете ја војната“ и „Сакаме да живееме во мир“.

Изненадните израелски напади на 18 март го прекинаа двомесечното примирје со Хамас, откако групата одби предлог на американскиот пратеник Стив Виткоф да се продолжи првата фаза на примирјето во замена за ослободување на пет заложници. ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан