• петок, 26 јули 2024

Пронајдено женско тело во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“

Пронајдено женско тело во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“

Кочани, 25 јули 2024 (МИА) – Тело на женско лице рано утрово е пронајдено на заштитната решетка од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, на влезот во кочанската населба Оризари.

Вработените на водостопанската подружница од Кочани веднаш излегле на терен и го намалиле дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавената жена да се извлече од каналот.

Според сè уште непотврдени информации се работи за постара жена од Оризари, а случајот го пријавил
нејзиниот син.

На местото на настанот увид прават стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да го потврдат идентитетот на настраданата жена. та/цр
фото: МИА

Остани поврзан