• сабота, 23 ноември 2024

Во ТППЕ Берово пристигна швајцарската донација од противпожарна опрема

Во ТППЕ Берово пристигна швајцарската донација од противпожарна опрема

Делчево, 26 јули 2024 (МИА) - Во Берово пристигна противпожарната опрема од Швајцарија, која е наменета за потребите на Територијалната противпожарна единица од Берово. Донацијата, како што инфомираа од беровската ТППЕ, ќе биде дополнителна опрема во борбата со справување со пожарите.

-Донацијата која се состои од противпожарна скала пристигна во Берово и веќе е на располагање за користење на пожарникарите од ТППЕ Берово. Преку донација од Швајцарската противпожарна и спасувачка служба Јужен Фрибург (Chatel-Saint-Denis) се унапредува системот за противпожарна заштита во Берово, истакнаа од ТППЕ Берово.

Со новата противпожарна опрема очекуваат да се подобри безбедноста на граѓаните при несакани појави.

-Опремата е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја во Берово, додадоа од ТППЕ Берово.
 
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски упати голема благодарност до сите кои се вклучија за успешна реализација на оваа донација, потенцирајки дека таа ќе помогне во ефикасната противпожарна заштита, за зачувувањето на природните ресурси. вс/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан