Промоции на книги од Пламен Тотев и Сашо Кокаланов во Куманово и Скопје
- Во Куманово и во Скопје на 11 и 12 јануари ќе бидат промовирани книгите „Среќните луѓе не слават родендени“, од македонскиот автор Сашо Кокаланов и „Животот на литературната класика“ од бугарскиот автор Пламен Тотев.
Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Во Куманово и во Скопје на 11 и 12 јануари ќе бидат промовирани книгите „Среќните луѓе не слават родендени“, од македонскиот автор Сашо Кокаланов и „Животот на литературната класика“ од бугарскиот автор Пламен Тотев.
Книгите ги промовираат Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, заедно со Факултетот за драмски уметности во Скопје и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Во Куманово, делата ќе бидат претставени на 11 јануари во малата сала на Центарот за култура, од страна на Петар Андоновски, Стојан Синадинов и Сашко Насев.
На 12 јануари во бифето на ФДУ, промотори на книгите ќе бидат Петар Андоновски, Нове Цветаноски, Сашко Насев и Стојан Синадинов.
На промоциите на делата ќе присуствуваат двајцата автори. бт/бак/
Фото: Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија