• петок, 13 септември 2024

Промовирана книгата „Убиецот кој не ме УБИ“, првенец на велешанката Ивана Милошевска

Промовирана книгата „Убиецот кој не ме УБИ“, првенец на велешанката Ивана Милошевска

Велес, 12 септември 2024 (МИА) - Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беше промовирана  книгата  „Убиецот кој не ме УБИ“ првенец на младата  роднокрајната авторка Ивана Милошевска. Промоција беше од хуманитарен карактер. Сите собрани средства од книгата ќе одат за лекување на Ивана во Турција.

Оваа книја  ја опишува нејзината лична борба  поттикнувајќи надеж и сила кај сите кои се соочуваат со слични предизвици, истана Снежана Бошевска, директор на библиотеката и еден од промоторите.

- Ова девојче не само што се бори за своето здравје, туку и ни покажува дека соништата можат да станат реалност. Нејзината книга е доказ дека секој од нас има сила да направи разлика, да создаде нешто вредно и да остави трага во светот, истакна Бошевска.

 Вториот промотор Весна Атанасовска порача нека оваа книга биде инспирација за сите нас да ги следиме нашите соништа, да не се откажуваме пред пречките и да веруваме во себе.

-Нека нејзината приказна не потсети дека животот е дар и дека секој момент е можност за нов почеток, рече Атанасовска.

Авторката на книгата Ивана Милошевска појасни дека во втората половина од книгата, како што наведе, „убиецот, мојот сопатник, онаа опака болест, леукемијата и ракот“, ја натарала  да биде многу посилна од она што мислела дека ќе биде.

- Да говорам без влакна на јазикот, дали останатите луѓе би ме разбрале или не, дали би повредила некого со моите зборови, бидејќи вистината и само вистината успева денес да ја зголеми свеста кај луѓето, порача Милошевска.ад/са/

Фото: Локална библиотека „Гоце Делчев“ Велес

Остани поврзан