Проекција на краткиот филм „Налепница“ и разговори со Унковски и Коцев во Кочани
- На летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше проектиран краткиот филм „Налепница“, работен по сценарио и во режија на Георги М. Унковски. Проекцијата е дел од содржините на програмата за млади „Лето во друштво“.

Кочани, 16 август 2025 (МИА) - На летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше проектиран краткиот филм „Налепница“, работен по сценарио и во режија на Георги М. Унковски. Проекцијата е дел од содржините на програмата за млади „Лето во друштво“.
Кочанската публиката имаше можност да разговара со режисерот Унковски и актерот Сашко Коцев, кој ја игра главната улога. Гостите говореа за инспирацијата, снимањето на филмот, локациите, за необичните случки.
„Налепница“ е краток филм за нашето трагикомично секојдневие, победник на меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас“ во 2020 година, а потоа многукратно наградуван.
Програмата за млади „Лето во друштво“ ја подготви и реализира Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска во соработка со Општина Кочани, Локалниот младински совет Кочани и продолжува и вечерва. ис/дма/
Фото:МИА