Без вода утре улицата „Мирче Ацев“
- Предвидено е корисниците од оваа улица да останат без вода од осум часот.
Скопје, 24 септември 2025 (МИА) - Улицата „Мирче Ацев“ во текот на утрешниот ден ќе биде без вода за пиење, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како причина се наведува поврзување од стара на нова водоводна мрежа.
Предвидено е корисниците од оваа улица да останат без вода од осум часот до завршување со работните активности. бд/са/
Фото: МИА архива