• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

При претрес во Дебар пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

При претрес во Дебар пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

Дебар, 21 мај 2025 (МИА) - Полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи привеле жител на Дебар, кај кого пронашле оружје и муниција.

- Лишен од слобода, вчера во 15:30 часот е С.Ш.(56) од Дебар, кај кого,   при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „Взор“ калибар 7,65 мм, вкупно 52 куршуми со калибар 7,65 и 7,62 мм. Истите ги  поседувал без документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

При претресот пронајдени и одземени се  и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
 
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик. вт/са/

Фото: МИА

Остани поврзан