Двајца 15 годишни фудбалери на „Брегалница“ повредени по инцидентот за време на натпреварот со „Шкупи“ во Штип
- Родител на фудбалер од фудбалскиот клуб „Шкупи“ ќе заработи кривична пријава, заради физички напад на малолетнци фудбалери од Фудбалскиот клуб „Брегалница“-Штип. Во моментот на инцидентот се играл фудбалски натпревар меѓу фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ генерација на фудбалери (2009-2010) година. Повредените се двајца фудбалери од ФК „Брегалница“ и се примени во штипската Клиничка болница, каде што првично им се констатирани телесни повреди, потврдуваат за МИА надлежните од штипската Клиничка болница. Александар Иванов генерален секретар на ФК „Брегалница“-Штип во изјава за МИА вели дека инцидентот се случил на 87 или 88 минута, токму при крај на натпреварот, кога на фудбалер со број 9 од ФК „Скупи“ му бил доделен црвен картон од страна на судијата.
Штип, 24 август 2025 (МИА) - Родител на фудбалер од фудбалскиот клуб „Шкупи“ ќе заработи кривична пријава, заради физички напад на малолетнци фудбалери од Фудбалскиот клуб „Брегалница“-Штип. Во моментот на инцидентот се играл фудбалски натпревар меѓу фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ генерација на фудбалери (2009-2010) година. Повредените се двајца фудбалери од ФК „Брегалница“ и се примени во штипската Клиничка болница, каде што првично им се констатирани телесни повреди, потврдуваат за МИА надлежните од штипската Клиничка болница.
Александар Иванов генерален секретар на ФК „Брегалница“-Штип во изјава за МИА вели дека инцидентот се случил на 87 или 88 минута, токму при крај на натпреварот, кога на фудбалер со број 9 од ФК „Скупи“ му бил доделен црвен картон од страна на судијата.
-По што тој нападна еден од нашите играчи и му удари бокс, а потоа влегоа неколку родители на децата од „Шкупи“ и почнаа да ги напаѓаат нашите деца од ФК „Брегалница“. Едно од нападните деца е претпоставувам со скршен нос, му тече крв од носот. Друг играч има повреда на ногата и двете деца се во болница, вели Иванов.
Тој појаснува дека тројца родители на фудбалери од „Шкупи“ ги нападнале фудбалерите на „Брегалница“, по што влегле и нивните родители. Потврдува дека еден од тројцата родители е приведен во Полициска станица-Штип, бидејќи замавнувал со боксови и ударал клоци на 15 годишните фудбалери. Иванов вели дека за првпат се случува на терен родител да нападне малолетник фудбалер.
Раководството на ФК „Брегалница“-Штип го осудува овој инцидент што се случи на денешниот натревар меѓу младите фудбалери на „Брегалница“ и „Шкупи“. Надлежните од МВР го потврдуваат инцидентот, што се случи на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, а во текот на денот се очекуваат подетални информации. вдј/аа/
Фото: МИА