Во Пехчево се одржа традиционалниот турнир во табла „Бранче Пешански"
- Во Пехчево се одржа традиционалниот турнир во табла „Бранче Пешански“, кој и оваа година помина во одлична организација и со рекордно учество. Настанот привлече 50 натпреварувачи, со учество на гости од целата Малешевија и источниот дел на Македонија, со што турнирот уште еднаш го потврди својот регионален карактер.
Пехчево, 24 август 2025 (МИА) – Во Пехчево се одржа традиционалниот турнир во табла „Бранче Пешански“, кој и оваа година помина во одлична организација и со рекордно учество. Настанот привлече 50 натпреварувачи, со учество на гости од целата Малешевија и источниот дел на Македонија, со што турнирот уште еднаш го потврди својот регионален карактер.
-Турнирот беше збогатен и со социјален дел – мангал во ресторанот „Викторија“, популарниот „Шеш-Беш“ агол, кој придонесе за дружење и добра атмосфера меѓу учесниците и гостите, информираа организаторите
Организаторите упатија честитки за сите учесници и изразија задоволство што турнирот прерасна во традиција која ја збогатува спортската и културната понуда на Пехчево.
-Наградниот фонд, благодарение на поддршката од спонзорите Мартин Бочварски, Дарко Стамболиски, Раде Јовановски, Дејан Крзовски и Борче Миовски, беше збогатен и изнесуваше: 12.000 денари за прво место, 8.000 денари за второ и 4.000 денари за трето место, додадоа од организацијата на турнирот.
Изразија надеж дека следната година турнирот ќе биде уште помасовен, со учество на играчи и од соседните држави. вс/аа/
Фото: Официјален настан „Турнир во табла Бранче Пешански 2025“