• петок, 26 јули 2024

Пријавени се жестоки борби во северниот дел на Газа

Пријавени се жестоки борби во северниот дел на Газа

Газа, 12 мај 2024 (МИА) - Израелските војници се вклучени во жестоки борби со вооружени Палестинци во северниот дел на Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми, јави ДПА.

Военото крило на палестинската исламистичка организација Хамас ги наведе тешките судири меѓу нејзините борци и израелските сили во областа Џабалија, на околу четири километри северно од градот Газа.

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари претходната вечер изјави дека воени авиони нападнале цели во Џабалија откако цивилното население таму било евакуирано.

Тајмс оф Израел денеска напиша дека армијата повикала да се евакуираат околу 100 до 150 илјади Палестинци во областа Џабалија.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) изрази „екстремна загриженост“ за повиците за евакуација и за Џабалија и за Рафа на југот.

Според извештаите на медиумите, израелските војници се уште се распоредени на други локации во северниот дел на Појасот Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан