• вторник, 23 јули 2024

Притвор за скопјанец кој одзеде златно ланче од 64-годишна жена

Притвор за скопјанец кој одзеде златно ланче од 64-годишна жена

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Притвор за 31-годишник од Скопје кој завчера од 64- годишна скопјанка одзел златно ланче кое го носела на себе.

МВР информира дека полициски службеници завчера, во 15.30 часот во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Л.А. поради тоа што истиот ден на подрачјето на Карпош, со употреба на физичка сила, од 64- годишна скопјанка одзел златно ланче што го носела на себе.

- Од страна на ЕВР Карпош поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор, информираат од МВР. ир/са

 

Фото: Скриншот

Остани поврзан