• понеделник, 16 декември 2024

Прилеп новогодишно се украсува и се најавува богат пречек на Новата година

Прилеп новогодишно се украсува и се најавува богат пречек на Новата година

Прилеп, 6 декември 2024 (МИА) - Во Прилеп почна новогодипшното украсување на центарот на градот. Елката е веќе украсена и поставена на плоштадот „Матодија Андонов Ченто“, а градските власти најавуваат богата предновогодишна и програма за пречекот на Новата 2025 година.

-Овие два три дена ќе заврши комплетното новогодишно украсување на централното градско подрачје. За радоста на најмладите да биде уште поголема ќе бидат поставни сите оние препознатливи фигури околу камената бина и на плоштадот Александрија кои секоја година се атракција не само за најмладите, туку и за возрасните и за туристите. Ќе бидат украсени плоштадот „методија Андонов Ченто“ и платото пред Саат кулата, вели Христијан Тунески, портпарол на општина Прилеп.

Пред новата година ќе се одржи традиционалниот тридневен новогодишен базар, а за пречекот на новата година ќе има забава со познати музички имиња како и богат огномет.

-Од 28 до 30 декември е новогодишниот базар во центарот на Прилеп каде е предвидена целодневна детска, но и културна програма. Што се однесува до пречекот на Новата Година, годинава ќе биде збогатен со неколку музички имиња, како што се ди-џеите Сирилик и бендот „Балканика“ како и победникот на балканското шоу „Никогаш не е доцна“, господинот Башески. Секако, нема да изостане и спектакуларниот огномет, објаснува Тунески.ем/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан