До четврток стабилно и релативно топло време
- До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска.

Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради
повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска.
Утре минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег се очекува во петок попладне и во сабота. дма/са/
Фото:МИА архива