• петок, 26 јули 2024

Приведен 29-годишник кој избегал од кумановскиот затвор

Приведен 29-годишник кој избегал од кумановскиот затвор

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Полициски службеници од штипската полициска станица во текот на вчерашниот ден го привеле П.И., на возраст од 29 години од село Црвулево, општина Карбинци, поради бегство од кумановскиот затвор, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, поради бегство од затворот, каде издржувал казна од четири години и девет месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, појаснуваат од МВР.

Лицето било спроведено до кумановскиот затвор за доиздржување на две години и пет месеци од казната. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан