• недела, 21 јули 2024

Приведен крадец во Скопје, фатен веднаш по извршување на кривичното дело

Приведен крадец во Скопје, фатен веднаш по извршување на кривичното дело
Скопје, 7 август 2022 (МИА) - Крадец од Скопје фатен од полициски службеници веднаш по крадењето на накит од жена. МВР информира дека синоќа, во 21.10 часот, на ул.„Емил Зола“ во Скопје, полициски службеници Одделението за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Н.Ј.(35) од Скопје. Тој бил фатен непосредно по извршување на тешка кражба на дрзок начин, при што одзел личен накит од оштетената жена. Кај него бил пронајден предметот и бил вратен на оштетената. -Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.ир/са/

Остани поврзан