• среда, 25 декември 2024

Летна детска програма за мали научници во Неготино

Летна детска програма за мали научници во Неготино

Неготино, 21 јули 2024 (МИА) - Здружението на граѓани „Ековита" во соработка со Градската библиотека „Страшо Пинџур" од Неготино, денеска ја најави новата летна програма наменета за најмладите истражувачи и научници. 

Проектната координаторка и активистка во Здружението, Кристина Тодорова појасни дека програмата ќе започне со интересни и едукативни активности, што ќе им овозможат на децата да се запознаат со научните методи и техники преку практична работа.

– На првата работилница, од повеќето предвидени, младите научници ќе имаат можност практично да го испитуваат степенот на зрелост на грозјето, користејќи рефрактометар. Оваа активност е од големо значење за лозарството во нашиот крај, бидејќи зрелоста на грозјето е клучен фактор во производството на квалитетно вино. Работилницата ќе ја води дипл. инж. нутриционист Тања Тефова, која ќе ги запознае децата со основите на нутриционизмот и значењето на квалитетот на грозјето во исхраната, посочува Тодорова. 

Додава дека велта на програмата е да се поттикнат децата да го развијат интересот за науката и истражувањето, додека истовремено се забавуваат и учат нови нешта.

Првата работилница за мали научници ќе се одржи во вторник во Градската библиотека и наменета е за млади на возраст од седум до 18 години. свд/ра/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан