• сабота, 21 декември 2024

Приведен жител на Блаце, пренесувал поголема количина производи без документација

Приведен жител на Блаце, пренесувал поголема количина производи без документација

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Полицијата утрово, во 00.20 часот, кај местото викано „Дупки“ во близина на државната граница со Косово, го лишила од слобода И.А. (42) од село Блаце, општина Чучер Сандево.

Како што соопшти МВР, тој бил забележан како од патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, врши истовар на кутии. По извршена контрола во возилото било констатирано дека во возилото има поголема количина различни производи за кои не поседува документација.

Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица.

- По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 278 од Кривичниот законик, стои во соопштението од МВР. мд/аа/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан