• петок, 26 јули 2024

Приведено лице по претрес во Скопје, пронајдена дрога

Приведено лице по претрес во Скопје, пронајдена дрога

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа во 20.15 часот, го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(37) од Скопје.

- При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја, соопштија денеска од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан