• вторник, 23 јули 2024

Приведени две лица осомничени за кражби во општина Могила

Приведени две лица осомничени за кражби во општина Могила

Скопје, 21 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола вчера во 20.10 часот на регионалниот пат  Битола – Прилеп  ги лишиле од слобода Е.Р.(31) од Прилеп и  Д.А.(37) од Штип, двајцата со привремен престој во село Ивањевци, општина Могила.

Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека во текот на денот од објект на правно лице во село Долно Српци, општина Могила, одзеле повеќе предмети.

-При преглед на патничко возило „опел" со прилепски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени одземените предмети.  По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи. хс/цр

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан