• петок, 08 ноември 2024

Претставата „Демони“ на Битолски театар вечер на „Охридско лето“

Претставата „Демони“ на Битолски театар вечер на „Охридско лето“
Охрид, 16 јули 2022 (МИА) – Со театарската претстава „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов, а во изведба на Народен театар – Битола вечер продолжува драмската програма на фестивалот „Охридско лето“. Улогите ги играат Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски „Демони“ напишана во 1982 година e црна комедија, во која преку комбинација на хумор и моќно емоционално/психолошко влијание се трага по нови форми на експресија. Дијалогот инсистира на луд ритам и гради возбудлива музикалност. Духовита и сурова, во исто време. „Демони“ е драма за човечките доблести и несовршености, за љубовта и омразата. Две двојки – сопружници, живеат во иста зграда, во стан еден над друг, се среќаваат, ги испреплетуваат своите животни приказни, состојби, тајни, двојби, ги исфрлаат на површина скриените внатрешни демони. Ларс Норен е најголемиот шведски драмски автор по Аугуст Стриндберг, кај нас првпат поставен во театарски простор во режија на Васил Христов, во изведба на актерската екипа од НУ Битолски театар. Васил Христов е самостоен театарски, филмски и телевизиски режисер со повеќе од 30 години работно искуство. сс/ки/

Остани поврзан