Претседателот на Собранието Гаши во посета на Битола
- Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе престојува во посета на Битола.

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе престојува во посета на Битола.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши ќе се сретне со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Спикерот ќе го посети Музејот на албанската азбука.
Гаши ќе ги посети и пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните, во придружба на градоначалникот и пратеници од Битола, по што е предвидена изјава за медиуми. фф/нд/
Фото: МИА aрхива