• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на Бугарија Румен Радев повторно го извести Уставниот суд за укинување на измените на Уставот направени од 49-тиот состав на Народното собраниe

Претседателот на Бугарија Румен Радев повторно го извести Уставниот суд за укинување на измените на Уставот направени од 49-тиот состав на Народното собраниe

Софија, 20 ноември 2024 (МИА/БТА) - Претседателот на Бугарија, Румен Радев, повторно се обрати до Уставниот суд (УС) со барање за укинување на измените на Уставот изгласани од пратениците во 49-тиот состав на Народното собрание, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Станува збор за текстовите поврзани со укинување на забраната за двојно државјанство како задолжителен услов за изборност на пратеници, за непромислено воведениот принцип за континуитет на мандатот на пратениците и парламентот, како и за составувањето на привремена влада, се наведува во соопштението.

Претседателот ја оправдува потребата за повторно обраќање до Уставниот суд со појавата на нови околности што се јавија при примената на оспорените текстови. Атакуваните уставни измени „ги укинуваат механизмите за политичка одговорност при формирањето и функционирањето на органите на државната власт“, се вели во мотивите на претседателот.

Државниот поглавар истакнува дека повторното обраќање ќе овозможи разјаснување на бројни спорни прашања кои веќе ги обележаа процедурите за составување привремена влада според новите правила и кои продолжуваат да го попречуваат функционирањето на уставно утврдените органи, вклучително и самиот парламент. Дури и во моментот, дел од тешкотиите при изборот на претседател на Народното собрание се одраз на присуството на оваа висока функција и во т.н. „домаќинска книга“ за избор на привремен премиер, се наведува во соопштението.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан