• петок, 26 јули 2024

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Во Кавадарци вчера во 12.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Т.(26) и С.Т.(29), двете од Кавадарци.

При претрес извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, А.Н.(21) од Кавадарци била затекната во нивниот дом при користење марихуана, која ѝ била одземена, додека од А.Т. и С.Т. биле одземени неколку пакувања марихуана.

Известен бил јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан