Презентација на проектот „Независност преку отчетност-следење и проверка на судската одговорност во Северна Македонија“
- Коалиција „Сите за правично судење“ ќе одржи промотивен настан за презентација на проектот „Независност преку отчетност-следење и проверка на судската одговорност во Северна Македонија“ кој е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје.
Скопје, 27 август 2024 (МИА) – Коалиција „Сите за правично судење“ ќе одржи промотивен настан за презентација на проектот „Независност преку отчетност-следење и проверка на судската одговорност во Северна Македонија“ кој е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје.
На конференцијата, како што е најавено, свои обраќања ќе имаат извршниот директор на Коалицијата, Дарко Аврамовски, вршителот на должност во Британската амбасада во Скопје Даниел Филер, како и Весна Дамева, претседател на Судскиот совет и Ѓорѓи Андонов, заменик претседател на Здружението на судиите.
Целта на проектот, како што информираат од Коалиција „Сите за правично судење“, е зголемување на транспарентноста и отчетноста на работата на Судскиот совет при спроведување на постапки за утврдување одговорност на судија или претседател на суд и со тоа намалување на просторот за политичко и друго несоодветно влијание врз судиите и судството.
Во рамки на проектот, што се спроведува од јуни, годинава до март 2025 година, ќе биде направена и евалуација на 20 дисциплински постапки во кои е донесена одлука за изрекување на дисциплинска мерка или одлука за разрешување на судија/претседател на суд согласно Законот за Судскиот совет од 2019 година. аа/вг/
Фото: МИА архива