• петок, 08 ноември 2024

Презентација на истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“

Презентација на  истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Во организација на Форумот за разумни политики денеска ќе биде презентирана истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“, реализирана за време на и по парламентарните и претседателските избори во април/мај 2024 година.

Документот е изработен во рамки на проектот „Етика и политика – врзување на јазолот“ поддржан од National Endowment for Democracy (NED).

Студијата опфаќа теми поврзани со внатрепартиска транспарентност при изборот на претседателските кандидати, транспарентност при изборот на кандидати за пратеници, почитување на етичките стандарди за време на изборната кампања, рекламирање на предизборни ветувања под лупа на јавноста, анализа на партиските програми за борба против корупцијата како и анализа на предизборните наративи во насока на поттикнување или оневозможување на културата на политички компромис.

Дополнително, студијата има  цел да повика на отчетност од страна на политичките партии како одговорни за нивните предизборни ветувања, и содржи препораки за политичарите и избраните пратеници.

Студијата е спроведена од експертите Гордан Георгиев, Александар Спасеновски, Ибрахим Мехмети и Јасмина Трајкоска-Наумовска. дма/хс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан