• сабота, 23 ноември 2024

Превозници од Делчево чекаат промена на законот за да аплицираат за вршење меѓуградски автобуски превоз

Превозници од Делчево чекаат промена на законот за да аплицираат за вршење меѓуградски автобуски превоз

Делчево, 6 февруари 2024 (МИА) – Заинтересираните превозници од Делчево и понатаму очекуваат одлука на Министерството за транспорт и врски со која ќе се укине членот превозниците да имаат категоризирана автобуска станица, за да добијат лиценца за вршење меѓуопштински превоз.

Овластениот инспектор за сообраќај и патишта Зоран Кускински, објаснува дека сè уште е на сила стариот закон со членот за категоризирана автобуска станица, поради што долги години Делчево е лишено од автобуски превоз до главниот град, но и до другите поголеми градови во државата.

- Ние сите инспектори на општинско и државно ниво имавме средба на која го дефиниравме барањето, поднесувањето за автобуска линија, да не биде врзано со категоризирана автобуска станица. Досега законот на општинско ниво предвидува корисникот на линија, да мора да има категоризирано автобуска станица, за да може едно правно лице да земе меѓуопштинска линија во Министерство за транспорт и врски, вели Кускински.

Инспекторот додава дека ова не е надлежност на градоначалникот и затоа предложиле до Министерството за транспорт и врски тој член да се укине, за да може правното лице непречено да ја поднесе бараната лиценца со извод и остатокот од документацијата.

- Значи сè уште чекаме промена на закон за да не ги кочиме заинтересираните за вршење таква услуга. Од разговорот со граѓаните и жителите сите се свесни дека имаат потреба од автобуски превоз. Едноставно некои не можат да ја платат моменталната сума за такси, а има потреба најчесто за патување до Скопје и другите поголеми градови. Може да се очекува решение, но се дури законот р таков каков што е, тоа нема да се случи. Кога тоа ќе се случи промената, ние први ќе ги известиме за тоа заинтересираните, вели Кускински.

Според делчевскиот инспектор за сообраќај, засега има четири заинтересирани субјекти за вршење меѓуградски автобуски превоз и неговите очекувања се многу скоро да се случи таа промена за да може да биде решен еден горлив проблем, со кој се соочуваат и други градови од крајниот Исток. вс/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан