• сабота, 23 ноември 2024

Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, побезбеден сообраќај, заштита од пожари...

Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, побезбеден сообраќај, заштита од пожари...

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) -  На подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Тетово  вчера биле реализирани превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот,  заштитата на шумскиот фонд и околу мерките поврзани со започнувањето на ловната сезона.

Како што соопшти денеска МВР, на повеќе локации во и околу Кавадарци Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со ОСБСП Кавадарци спровел превентивна активност насочена кон законските обврски за безбедно управување со возило - задолжителнито носење на сигурносен појас и прилагодување на брзината спрема условите на патот како едни од најважните правила во насока на елиминирање на можностите од сообраќајни несреќи.

-Во Ресен пак, на подрачјето на СВР Битола при средби со граѓаните полициските службеници укажуваа на потребата од внимателно и одговорно однесување како при посета на шумските предели, односно рекеративно излетничките места, така и при извршувањето на земјоделски работи, а дополнително на возачите на моторни возила кои се движат по патиштата во овој регион им беше сугерирано да не фрлаат отпушоци од цигари и слично, информира МВР.

Полициски службеници од СВР Тетово имале заедничка средба  со претставници од три ловни друштва од селата Боговиње, Теарце и Брвеница со укажувања за целосно и безусловно придржување кон Законот за ловство и Законот за оружје.лв/

Остани поврзан