Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче
- СООПШТЕНИЕ - Судскиот совет беше племенски совет меѓу Муртино и Зајас.
25 декември 2024
Филипче и СДС кој го поставија митаџијата и десна рака на Заев, Наќе Георгиев за член на Судски совет немаат кредибилитет да зборуваат за судството
Жално е да се гледа како Филипче прави кловн од себе. Партизацијата на АНБ ја направија тие, а Судскиот совет беше Зајас Муртински совет.
Судскиот совет беше племенски совет меѓу Муртино и Зајас.
СДС кои го поставија митаџијата Наќе Георгиев сега зборуваат за судството, која трагедија.
СДС се партија која на чело на Судски совет ја имаа Весна Дамева од СДС ( фотографија во прилог ).
СДС и Филипче го имаа и Иџет Мемети како заменик претседател на Советот на јавни обвинители, митаџија исто како Наќе Георгиев.
Кога станува збор за АНБ, во време на СДС ја водеше нивен член на ИО и претседател на партиски комисии Виктор Димовски.
Немаше институција која не беше партизирана и пополнета со неспособни кадри.
Болката кај СДС и Филипче е тоа што веќе тие не поставуваат, и што нема да има кој да им ги штити криминалците.
Филипче наместо да чита пресови нарачани од Зајас и Муртино, за спас на криминалци политичари подобро ќе беше да го трошеше времето на конструктивност и дистанцирање од криминалците.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.