„Правата на децата и нивните обврски“ нов превентивно-едукативен проект на СВР Тетово
- - Веќе се одржаа првите предавања во училиштата во тетовските села Жеровјане и Стенче, во рамките на кои полициските службеници на СВР Тетово поблиску ги запознаа учениците со корпусот нивни права, но и со законските обврски од безбедносна природа и карактер. На учениците посебно им беа објаснети најчестите девијантни појави од областа на јавниот ред и мир, потоа – што значи врсничкото насилство и како се манифестира и санкционира истото, а пред сè личните и заедничките обврски кон семејството, училиштето и општеството во крајна линија, информира денеска портпаролот Марјан Јосифоски.
Тетово, 9 март 2024 (МИА) - СВР Тетово вчера почна со нов превентивно-едукативен проект насловен „Правата на децата и нивните обврски“ наменет за ученици од осмо одделение. Со овој проект вкупно ќе бидат опфатени околу 2200 осмоодделенци од над 70 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје.
- Веќе се одржаа првите предавања во училиштата во тетовските села Жеровјане и Стенче, во рамките на кои полициските службеници на СВР Тетово поблиску ги запознаа учениците со корпусот нивни права, но и со законските обврски од безбедносна природа и карактер. На учениците посебно им беа објаснети најчестите девијантни појави од областа на јавниот ред и мир, потоа – што значи врсничкото насилство и како се манифестира и санкционира истото, а пред сè личните и заедничките обврски кон семејството, училиштето и општеството во крајна линија, информира денеска портпаролот Марјан Јосифоски.
Проектот се планира целосно да се реализира до крајот на овој месец.
- Се очекува проектот значително и практично да придонесе за подигнување на свеста на осмоодделенците за неопходноста тие секогаш и секаде да ги ползуваат правата, меѓутоа и да ги почитуваат законските обврски предвидени за возраста на која и припаѓаат, а и подоцна, оценува Јосифоски.
Носител на проектот е Отсекот за превенција при СВР Тетово. ас/дма/
Фото: СВР Тетово архива