• сабота, 16 ноември 2024

Почна втората фаза од продажбата на мундијалските влезници

Почна втората фаза од продажбата на мундијалските влезници
Доха, 5 април 2022 (МИА) – Втората фаза од продажбата на влезници за Светското фудбалско првенство во Катар почна денеска и ќе трае до 28 април во 11 часот по средноевропско време, соопштија организаторите. - Лицата чие барање за влезници ќе биде одобрено ќе бидат известени за исходот по пат на електронска пошта до 31 мај, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). За навивачите од странство цените на влезниците за групната фаза се движат меѓу 62 и 200 евра, додека билет за финалето чини од 550 до 1.460 евра. Цените на влезниците за катарските државјани се движат од 10 до 190 евра за првата фаза од Мундијалот. Влезниците за завршниот турнир што од 22 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар во просек се за 30 отсто поскапи во однос на Светското првенство 2018 во Русија. ег/паг/

Остани поврзан