• сабота, 23 ноември 2024

Потпишување на Меморандум за соработка на синдикатите на шесте јавни универзитети во УГД-Штип

Потпишување на Меморандум за соработка на синдикатите на шесте јавни универзитети во УГД-Штип

Скопје, 16 април 2024 (МИА) – На Правниот факултет на УГД-Штип денеска, ќе се потпише Меморандум за соработка на синдикатите од шесте јавни универзитети во нашата држава. 

По потпишувањето на меморандумот, ќе следи и промоција на книгата „100 години синдикално движење во Штип-1923-2023 година" од проф. д-р Андон Мајхошев од штипскиот Правен факултет и проф. д-р Оливер Цацков од ФОН при УГД-Штип.

Промоцијата ќе се одржи во Свечената сала на Правниот факултет на УГД-Штип со почеток во 12.30 часот.

Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет „Јустинијан Први" во Скопје и проф. д-р Билјана Тодорова од Правниот факултет во Штип. ир/вг/


Фото: Правен факултет-Штип

Остани поврзан