• сабота, 23 ноември 2024

Поради состојбата со вода пациентите од Куманово ќе се упатуваат во скопските болници и клиники 

Поради состојбата со вода пациентите од Куманово ќе се упатуваат во скопските болници и клиники 

Куманово, 22 мај 2024 (МИА) - Општа болница Куманово по насоки од Министерството за здравство поради состојбата со вода во Куманово ќе ги упатува пациентите во скопските болници и клиники.

- За пациентите и персоналот кои се веќе сместени во болницата, обезбедена е вода за пиење, а вода за техничка употреба ни обезбеди Центарот за управување со кризи. Обезбедена е и храна согласно новонастанатите услови за пациентите изјави директорката на болницата, Билјана Ивановска.

И од домот за стари лица „Зафир Сајто“ има техничка вода за користење од сопствена бушотини, информираа денека надлежните.

- Вода за вода за пиење имаме набавено количина која ќе биде доволна за наредните два до три дена, информацијата е пријавена до штабот, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

И од градинката претходно информираа дека имаат набавено вода за пиење. ам/aa/

Фото: МИА 

Остани поврзан