• сабота, 23 ноември 2024

Поради дефект на Блок 2 на РЕК Битола, комбинатот не произведува струја, се очекува вечерва еден блок да биде на мрежа

Поради дефект на Блок 2 на РЕК Битола, комбинатот не произведува струја, се очекува вечерва еден блок да биде на мрежа

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, поради дефект на Блок 2 на РЕК Битола, комбинатот не произведува струја и во моментов се работи на отстранување на причината за испад на блокот, потврдија од АД ЕСМ за МИА.

-Во тек се операции за пуштање во погон на еден од блоковите кои се резерва на работата на Блок 2. Комбинатот во овој период, согласно намалената побарувачка на електрична енергија од потрошувачите и планот за производство на АД ЕСМ, работеше со еден блок заради неопходноста од испуст на дел од акумулациите на хидроцентралите, велат од АД ЕСМ.

Оттаму додаваат дека потребата за електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем се задоволува од сопствените производствени капацитети.

Во меѓувреме, се очекува вечерва еден блок да биде на мрежа, а штом се случи тоа, јавноста ќе биде известена, дополнуваат од АД ЕСМ. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан