• вторник, 23 јули 2024

Поради големиот број на поднесени амандмани во неизвесност одржувањето на денешната амандманска расправа за новиот Деловник

Поради големиот број на поднесени амандмани во неизвесност одржувањето на денешната амандманска расправа за новиот Деловник

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) – Многубројните поднесени амандмани го ставија во неизвесност одржувањето на денешната амандманска расправа за новиот Деловник во Собранието, на собраниската Комисија за деловничка и мандатно-имунитетни прашања. 

За текстот на Деловникот најавени се околу 2.000 амандмани од кои на повеќето се на Левица, околу 1.850, сепак поднесувачите на амандманите не посоуваат конкретно зошто се поднесени во толкав број. 

Од утрово се одвиваа преговори помеѓу пратеникот на Левица, Борислав Крмов и спикерот на Собранито Талат Џафери, а комисиската расправа за Деловникот која првично беше закажана за 10 часот на секој час се одложува. Се уште останува неизвесно кога ќе се одржи расправата.

Џафери вчера во брифинг со новинарите рече дека околу 30 амандмани се усогласени и се надева дека Деловникот ќе помине. 

Претходно Собранието информира дека Комисијата ќе работи по амандманите доколку е потребно и за време на викендот, а координаторите на пратеничките групи во текот на вчерашниот ден ги усогласувале ставовите по одредени амандмани.

Претходно, Џафери изрази очекување новиот Деловник да биде донесен со консензус најверојатно да биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември.

Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.

Новиот деловник на Собранието е резултат на петгодишни разговори меѓу пратеничките групи од овој и минатиот мандат коишто започнаа во рамки на Жан Моне процесот со посредство на неколкумина европратеници. свс/нд/

Фото: МИА 

Остани поврзан