• понеделник, 23 декември 2024

Полјаците преку билборди апелираат на зголемен наталитет

Полјаците преку билборди апелираат на зголемен наталитет
Daily Telegraph/AFP Билбордите е тешко да не се видат: големи и присутни низ Полска, на нив се прикажани две мали девојчиња со руса коса во бела облека, како се гушкаат во поле, со натпис: „Каде се овие деца?“ Заедно со нивната фотографија има и графикон кој покажува статистика за раѓање: едно полско семејство во 50-те имало во просек по пет деца, во 80-те имало три, а денес само 1,5. Овие постери беа поставени низ целата земја во изминатите  месеци од страна на католичка фондација, што предизвика дебата во државата предводена од конзервативците, каде што семејните и репродуктивните прашања се постојан извор на тензии. Кампањата веќе инспирираше пародија. Во една верзија, на плакатот се појавуваат две кнедли, со натпис: „Каде се овие пероги?“. Набљудувачите брзо забележале дека статистиката на плакатот е погрешна: официјалните бројки покажале дека полските семејства во 50-те имале помалку од четири деца. Сепак, денешниот наталитет е загрижувачки. Денес, полските двојки  имаат само 1,4 деца во просек, што е под европскиот просек и границата на демографска одржливост. „Нашата кампања нема идеолошка или политичка цел“, објави фондацијата Корница, чиј претседател е претприемач со католички врски и еден од најбогатите Полјаци. „Тоа само ги тера луѓето да размислуваат“, додаде тој. Фундаменталистички тон Неговата фондација веќе се најде во медиумите за контроверзните билборди, вклучувајќи ги и оние против абортусот и разводот. За Паулина Загорска, активистка за правата на жените, „фундаменталистичкиот тон на тие билборди е очигледен: нивните автори ја обвинуваат контрацепцијата и предизвиците на традиционалниот семеен модел за падот на наталитетот“. Некои критичари ја искористија можноста да ја осудат речиси целосната забрана за абортус воведена од десничарската влада и да ја осудат нејзината семејна политика. Претставникот на левицата Роберт Бидрон тврди дека „нема доволно деца поради премалку градинки, прениски плати и страв од бременост поради нехуманите закони против абортусот“. Национална мисија Зголемувањето на бројот на раѓања е една од клучните цели на полската владејачка партија Право и правда (ПиС). Владата воведе популарен месечен додаток наречен 500 плус. ПиС сака да им помогне на младите да основаат семејство и да гарантира грижа за децата во првите години. Но, критичарите тврдат дека политиката е дизајнирана да му користи на традиционалниот семеен модел и ги охрабрува жените да останат дома. Министерството за семејство во својата официјална програма наталитетот го нарекува „клучно прашање“ и додава дека на него мора да се работи дури и ако последицата е „привремено напуштање на пазарот на труд за жените“ кои сакаат да бидат со своите деца. Експертот за демографија Ирена Котовска од Полската академија на науките смета дека оваа политика, воспоставена под влијание на црквата, „не е ефикасна“. Полска моментално има 38,2 милиони жители, но нејзиното население би можело да се намали за 2,3 милиони луѓе до 2040 година, предвидува истражувањето на Евростат. Историски фактор Демографијата е исто така под влијание на историските трендови. „Масовната невработеност по ненадејната транзиција во капитализам доведе до пад на бројот на раѓања во поранешниот источен блок во 1990-тите. Таа се сомнева дека приливот на бегалци од Украина, претежно жени и деца, ќе биде доволен за да биде „пресврт за падот на населението“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан