• понеделник, 16 декември 2024

Полска повторно ја отвори амбасадата во Северна Кореја

Полска повторно ја отвори амбасадата во Северна Кореја

Варшава, 15 ноември 2024 (МИА) - Полска повторно ја отвора својата амбасада во Северна Кореја, која беше затворена од почетокот на пандемијата на корона вирусот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Варшава.

Како што е наведено, овој потег отвора канал за комуникација меѓу Полска, која е членка на НАТО, и Пјонгјанг, близок сојузник на Русија, која ја испрати својата војска да се бори на страната на Москва во Украина.

Полската амбасада беше затворена во декември 2020 година, откако севернокорејските власти објавија целосно затворање на државната граница поради пандемијата на корона вирусот.

Полска е втората европска земја која повторно ја отвори својата амбасада во Пјонгјанг, по Шведска, која го стори тоа во септември. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан