• понеделник, 29 јули 2024

Пожар во атарот на скопско Зелениково

Пожар во атарот на скопско Зелениково

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Попладнево избувна голем пожар во Општина Зелениково помеѓу селата Вражани и Моране. Гори висока сува трева, нискостеблесто деградирано, смрека и млада дабова и габерова шума, информираат од ЦУК.

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје со возила се на терен, но еден крак од пожарот е веќе пројден на висок и непристапен терен. Поради теренската проценка која укажува дека е неопходна воздушна подршка, испратен е еден хеликоптер на МВР да помогне во гаснењето на пожарот, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. ев/нд/

Остани поврзан