• понеделник, 23 декември 2024

Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во општините Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош

Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во општините Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на изминатото деноноќие исчистиле повеќе диви депонии во скопските општини  Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош, при што се подигнати и транспортирани околу 42 кубни метри отпад. 

Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, дел од активностите се одвивале на улицата „1615“ во општина Аеродром, во близина на Џевахир холдинг, каде била отстранета дива депонија составена од 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад.

Интервенирано е и на улицата „Доситеј Обрадовиќ“ во општина Кисела Вода, каде се подигнати околу седум кубни метри кабаст и отпад од
картонски пакувања, како и на улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“ во општина Чаир, каде се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.

- Екипите на претпријатието, во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на  улицата „Јуриј Гагарин“, во близина на ресторанот „Македонска куќа“ во скопската општина Карпош, стои во соопштението. мд/са/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје 

Остани поврзан