• петок, 22 ноември 2024

Повторно се чисти „дивата“ депонија пред кумановската наслеба „Перо Чичо“

Повторно се чисти „дивата“ депонија пред кумановската наслеба „Перо Чичо“

Куманово, 8 јули 2024 (МИА) - Екипи на ЈП „Чистота и Зеленило“ со механизација, денеска по иницијатива на граѓаните ја чистеа „дивата“ депонија пред кумановската населба „Перо Чичо“. Во текот на денот се очекува да изнесат шест камиони со смет на градската депонија „Краста“. Акцијата за чистење се спроведува од викендот и денеска е трет ден. Досега, како што соопшти директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски, досега се изнесени над 30 тони смет.

- Станува збор за локација каде смет фрлаат несовесни граѓани. Тука на влезот од населбата имаше повеќе купишта ѓубре кое се расфрлуваше. Го чистиме „долниот“ дел од депонијата. Додека ја чистиме и еве додека ја даваме изјавата поминуваат мотокултиватори со отпад за кој не знам каде го носат. Апелирам до инспекција и МВР да си преземат мерки, изјави Стојановски.

Во изјавата за медиумите тој додаде дека мал број лица се казнети за оваа појава и за несовеснота на граѓаните.

- Очекувам од оваа Влада, побрзо да ја воведе наредната фаза од децентрализацијата, да профункционира суштински и да се стави крај на вакви појави кои дополнително го оптоваруваат финансиски претпријатието со ангажман на механизација, човечки потенцијал, додаде Стојановски.

Вакви „диви“ депонии има на повеќе локации во Куманово. Станува збор за едни исти локации, за кои Стојановски рече им се познати и на инспекцијата и другите служби. ЈП ќе ги чисти депониите по налог на општината и по иницијатива на граѓаните.

Тука се гради и надвозникот од пругата Куманово-Бељаковце. Во овој дел железница ќе гради и звучен ѕид. Откако е почната изградбата на пругата, ѓубрето наместо на горната страна се расфрла подолу. ам/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан