• вторник, 24 декември 2024

Петрушевски: За 24 километри пруга кон Бугарија власта на СДСМ и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра

Петрушевски: За 24 километри пруга кон Бугарија власта на СДСМ и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра

Скопје, 3 август 2024

Ограбена држава - 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, предвидела претходната влада на СДС и ДУИ, за кои не е важно што нема економска оправданост, затоа што им важно само да тендерираат.

Македонија е оставена на цедило, со големи проблени, ограбена и со неплански проекти.

Не одговорен е пристапот на претходната власт да се трошат 560 милиони евра за третата делница од пругата кон Бугарија долга 24 километри.

Да, за 24 километри власта на СДС и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра.

Дали е оправдано? Секако дека не! Километар пруга според математиките на претходната власт би чинел над 23 милиони евра.

Цената на чинење е само еден од проблемите. Пругата од 24 километри, треба да има 22 тунели, од кои последниот нема излез. Да, СДС и ДУИ предвиделе пругата кон Бугарија да завршува во тунел кој нема излез, затоа што од бугарска страна нема ниту проект за истата.

Економски неоправдано е да се фрлат 560 милиони евра за пруга која завршува во тунел без крај.

560 милиони евра, можат да се потрошат на модернизација на пругата од Табановце до Богородица и истата да може да се користи од возови кои би се движеле до 120 километри на час, а би чинела 250 милиони евра, односно на половина од тоа што СДС и ДУИ планирале за 22 километри пруга со тунел без крај. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник во Собранието

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан