Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица?
- СООПШТЕНИЕ - Сашо Орданоски, кој важи за советник на Венко Филипче и СДС и сива еминенција во таа партија вчера во телевизиско интервју со најбрутални навреди го нападна претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го лажго и необразован.

21 февруари 2025
Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица?
Сашо Орданоски, кој важи за советник на Венко Филипче и СДС и сива еминенција во таа партија вчера во телевизиско интервју со најбрутални навреди го нападна претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го лажго и необразован.
Дали Венко Филипче преку Сашо Орданоски ја нарече политиката на САД како неонацистичка?
Се крие ли Венко Филипче зад Сашо Орданоски, и го напаѓа ли претседателот Трамп со навреди преку своите истурени играчи како Сашо Орданоски?
Дали Венко Филипче во очај тргна по паметот на Левица и отвори војна со САД?
Очајот на Венко Филипче го проби секое дно.
Венко Филипче да излезе и да каже дали стои зад кажаното oд Орданоски, или ако не стои тогаш бараме јавно да се извини и откаже од него.
Линк од видео материјал
https://www.youtube.com/watch?v=Yqm1GaK0xUs
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.